Радио Милева празнична агенда

Ќути – трај до 1-ви Мај: Како за празник да не се опуштиш, па макар на граница и да „по*ушиш“ (ВИДЕО)

Ќути – трај до 1-ви Мај:  Како за празник да не се опуштиш, па макар на граница и да „по*ушиш“  (ВИДЕО)

Први Мај, божем треба да е празник на трудот, а во пракса всушност е празник на колективно опуштање. Традицијата секоја година  запазена… Со скара и пиво или првомајски патувања! Да се замине некаде во природа, покрај вода, на викендичка, а Бога ми и преку граница. Македонците и годинава, верни на традицијата!

„Скопјани у покушај“ уште на 30-ти вечерта си заминаа дома, оние останатите не се изневерија себе си, па ги окупираа околните излетнички места и евентуално своите и викендичките на роднините и пријателите. Додека пак оние – „најсиромашните“ со трчаница седнаа в кола, па му ја збришаа на пат прекиу граница.

Впрочем, кога друг пат, ако за празник не се опуштиш, макар на граница и да го „по*ушиш“! Среќа многумина споиле убаво со корисно, празник со работен ден + викенд = четири дена. Само што многумина од оние што решиле да збришат надвор од Македонија кога  ќе ги прашаат: „Кај бевте за 1-ви Мај? – одговорот е колективен: „На граница брат“!

Некои на една, а на некои, како им тргнало и на две… Поточно и за 1-ви и за 2-ри Мај во ист амбиент, само на различна локација.

Особено ова важи за првомајските викенд излетници од соседна Србија, што тргнале од горе, на Егејско море!

А, штом  стигнеш до половина пат или што би рекле веќе си на 50%, работата е песна. А, уз песна на граница најдобро оди српско коло. Ма, кога веќе си се фатил во орото, играј го до крај и ќути трај до 1-ви Мај!

Е сега, има и некои што не им е до играње… Па, нели тргнале да одморат… Алтернатива за српско коло е дупло голо…  И тоа до појас, испружени на трева, наместо у колце, на првомајско сонце! Ем одмараш онака паркиран као аутобус у гаража, ем фаќаш боичка, за покасно да бидеш спремен за лежење на плажа!

Лишени од вакви „бенфиции“  беа единствено оние „јадници“ што се  „најгреота“, па мораа да патуваат со авион и онака „жално од прозорецот“ да ги гледаат овие долу како се сончаат и веселат и во неработен ден полно работно време од 8 часа на една, друга или на обете граници!

Оние пак што останаа дома по градовите во Македонија, не останаа покуси за првомајските излети и скаричка… До душа, секој според своите можности, кој плескавичка, кој кобасичка, пилешки стек или свинска кременадла, сеедно, важно да е обилно и вкусно…

И добро залиено, а со што друго ако не со гајба ладно пиво?!

За жал, некој ни за скара ни за пивце нема…  Ниту пак скршен денар имал за да дојде на синдикален протест во Скопје, па решил да протестира и револтот да го искаже со малку поинаков обид… Ладна скара и на неа симболично,  „десетка со кромид“!

Некој  друг пак, излегледа малце претерал со „течна храна“, па седнал да покаже среде река, дека  „Џипа теренца“, може да га тера и као подморница!

Ама изгледа, подобро и тоа отколку да си на првомајска вожња у „Југце“, со пола тело излезено низ отворен џам и широко раширени раце, ко да си го фатил(а) Бога за… брада, па  си мислиш дека си на бродска палуба! Јер шансите да ти се деси „Титаник“ на асфалт, се баеги големи, гарант!

Многу посигурна е шетња поред езеро, кое и да е. Патем, можеш да ги сретнеш Мајкл Џексон и Мики Маус, до душа од Али Експрес или од Ачикот, Мрдаја или Николиќ… сеедно, важно е да е весело! Па да напраите на пример, едно селфи другарски, или да напраите Дојрански ракувања, онака – првомајски!

Фото и видео (courtesy of): Инстаграм/roberto_navali

 

 

 

 

 

 

To top