Страшниот ураган Милтон ја погоди Флорида, каде на удар се голем број населби и куќи, меѓу кои и вилата на балканска ѕвезда Лепа Брена вредна речиси еден милион.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години имаат куќа во Мајами, каде често престојуваат и уживаат со семејството.
Станува збор за куќа која е изградена во 1950 година, во типичен американски стил. Има двор со базен кој е многу помал од оној што Живојиновиќ го имаат во својата вила на Бежанијска коса во Белград.
На официјална веб-страница за недвижен имот пишува дека оваа вила е продадена во јули 2010 година за 950.525 долари или 806.706 евра.
На истата веб-страница пишува дека куќата е со површина од 222,96 метри квадратни и дека има две бањи.
Инаку, Брена и Боба, освен недвижен имот во Мајами и Белград, наводно имаат стан и во Монте Карло.
За потсетување, повеќе од 2 милиони домови и бизниси сега се без струја низ Флорида, а цели населби се во мрак. Исто така, многу места низ Флорида се изложени на ризик од поплави.
фото: printscreen/instagram/Svet.rs