Радио Милева умна и привлечна „мачкица“...

Ксенија Николова понуди рефреширана привлечност: Добрината можеби е секси, ама разголената телесна убавина е многу повозбудлива (ФОТО)

Ксенија Николова понуди рефреширана привлечност: Добрината можеби е секси, ама разголената телесна убавина е многу повозбудлива (ФОТО)

Македонската пистелка, музички текстописец  и се’ повеќе влијателна инфлуенсерка Ксенија Николова е една од оние која секојденвно ја има на социјалните мрежи.

Нејзините романи се четиво кое треба да го прочитате ако не повеќе барем за разонода, нејзините стихови во песните на македонските изведувачи веројатно ги пеете или барем потпевнувате, а можеби и без да знаете дека таа е автор на истите… Ама затоа нејзините фотографии и видеа на социјалните мрежи кога случајно ќе налетате на нив или намерно ќе ги прелистате сигурно со задоволство ги следите. Со очи ширум отворени и уши високо начулени.

Зашто атрактивната писателка и инфлуенсерка има и што да каже и што да покаже. Кога сме кај кажувањето, нејзините мудри мисли, совети, поуки или констатации, речиси секојдневно ги споделува на своите профили во вид на Инстаграм приказни, Фејсбук статуси или вербални видеоклипови. Отстрана гледани, а Бога ми и слушнато, чиниш пистелката во себе ја собрала сета мудрост на светот. И не дека многу работи што ги кажува не се корисни, напротив… Баеги „држат вода“, особено кога се однесуваат на личноста, на однесувањето на луѓето, на она како го доживувате и перцепирате светот, на релациите меѓу луѓето и односот меѓу половите… Најчеста тема – онаа за вечна дилема… Љубовта и како до неа?

Арно ама кога сме кај визуелната перцепција, нејзините фотографии и виде ја откриваат и онаа нејзина друга страна… Убавината, привлечноста, секспилот на атрактивната пистелка, која и тоа како знае да биде заводлива, па дури и случајно или намерно провокативна.

Ксенија Николова знае да каже:  „Нема ништо попривлечно, помагично и посекси од сјај во очите и насмевка на лицето. Добрината е неверојатно секси“! И не дека не е во право, ама, сама по себе ниту една добрина не предизвикува возбуда.


Сексуалноста ја буди нешто друго, многу попривлечно и попримамливо, многу позаводливо и повозбудливо… Како на пример разголеното убаво градено, во случајов, женско тело.

Не дека Ксенија и досега не ја споделувала својата телесна убавина во која доминираат долгите, прави нозе, но овој пат покрај нив, витата рамна снага, доволно бујните атрибути и однапред и одзади, се оние нешта што ја будат имагинацијата и брануваат волшебната игра на сетилата… на смо еден фрлен поглед на ваква „мачкица“!

Токму две тазе годинешни фотографии во ланскиот едноделен костим за капење ја покажауваат писателката во малку поинакво издание… Влажна и рефреширана во едно скопско, хотелско спа, а во исто време неодоливо привлечна и заводлива, до ниво на фатална опсесија…

Зашто како што вели Ксенија, добрината можеби е секси, ама разголената телесна убавина е многу повозбудлива… За мажите повеќе од секси, а за некои од дамите, оди до ниво на набивање комплекси!

Фото и видео: Инстаграм/ksenijanikolova

 

To top