Крива Паланка повторно единствен македонски град – домаќин на Europ’Raid, францускиот караван со над 600 Французи кои патуваат низ 20 земји од Европа, минувајќи 8.000 километри во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“.
Настанот по повод караванот ќе се одржи во четврток на 15 август 2024 година и за истиот е предвидена следнава програма:
17:15 часот
Франкофонски хепенинг и македонски фолклор
Двор на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”
20:00 часот
Концерт на BAD ASS ALL
Летна сцена, Градски плоштад
Французите ќе се запознаат со македонската култура и традиција, а во духот на меѓународната солидарност, ќе донираат училишна и спортска опрема во училиштето.