Кристина Димитри во потрага по совршениот човек на својот живот кој ќе има разбирање и за неа и за нејзината кариера, никако немирува и не седи со скрстени раце. Понудата навистина е голема, зашто на ваква убавица секој што се декларира за машко и се додворува, ама затоа пак изборот е сиромав.
Или не се по нејзин крој или немаат сенс и разбирање за нејзиниот начин на живот и естрадната кариера која екс мисицата и пејачка сака да ја тера, па никако да се најде вистинскиот. До душа, во потесниот избор несомнено има по некој сериозен кандидат, ама се’ уште не е обзнанет избраниот. Но за да дојдете до вистинското решение и вие треба да имате не само голо трпение, туку уште нешто повеќе од тоа разголено… Барем онолку, колку што е дозволено!
Така, за Денот на вљубените долгоногата убавица уште еднаш го распосла сиот свој телесен раскош пред огледалото, споделувајќи ја возбудливата глетка на својот Инстаграм. Колку за да покаже колку „љубовта изгледа привлечно на неа“… Се разбира ако претходно успеете да ја заслужите! Црното провидно боди со длабоко деколте само ги зголеми копнежот и желбата најхрабрите да се обидат „да поминат“ кај расната тетовка.
View this post on Instagram
Еден празник помина, друг надоаѓа, а со тоа и новото 8-мо мартовско расположение кај жените. Денот во кој покрај сета љубов и внимание меѓу останатото очекуваат и по некоја материјана потврда на љубовта.
Но, за впечатокот да биде комплетен, љубовта треба и да се возврати… За среќен брак или среќна врска и мир во куќа… А мирот и среќата најмногу ги врзуваат интимата и задоволството во топлата постела или каде веќе… За да нема многу двоумење, а да има поголема возбуда и забрзано срцебиење, Кристина Димитри има предлог како се оди на спиење.
Опиплива секси понуда со нејзиниот код, наместо само пусти еротски сништа, за среќна врска и мир во куќа! Било да е брачна, предбрачна или вонбрачна, важно е во таа врска „се’ да прска“… од среќа, секако! Затоа Кристина ви нуди решение за совршен подарок. Изборот на моделот е ваш, во зависност од афинитетите, а и од тоа што саката повеќе да почувствувате и осетите!
Епа… Среќен 8-ми Март драги девојки, сопруги, љубовници, швалерки… Што и да сте, важно е да сте задовол(е)ни партнерки!
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry