Радио Милева демистификација...

Кристина Димитри „го отвори првиот кластер“ од љубовната мистерија: Ликот на својот љубовник конечно го откри, останатото е „во процедура“ (ФОТО)

Кристина Димитри „го отвори првиот кластер“ од љубовната мистерија: Ликот на својот љубовник конечно го откри, останатото е „во процедура“ (ФОТО)

Кристина Димитри очигледно ја прекина играта на „мачка и глувче“ со јавноста. Долго време ги држеше и медиумите и особено нејзините следбеници на социјалните мрежи „на тенок мраз“, во тотална незивесност со кого  „тутка постела“, кој ли и „гризе образи“, на чии „бели кошули“ завршуваат нејзините бакнежи, кој тоа „во коси и спие“, а таа упорно го крие…?

Љубовта со широка и задоволна насмевка наголемо ја споделуваше со јавноста или поточно веста дека е повторно е „до уши заљубена“, ама љубовникот го криеше, како „змија нозете“. Намерно, за  јавноста да ја „пече на тивок оган“ доведувајќи ја љубопитноста до ниво на неподносливост или од страв да не и ја урочат, па и оваа животна прилика да заврши како претходната – само како бројка на буништето на нејзината љубовна историја?!

До душа Кристина онака полека, шпиунски, дискретно малку по малку го покажуваше својот нов Аполон, ама никако до крај… Малку телото, малку цел ама задскриен, малку лицето ама прекриено со некој емотикон, ама фацата, ликот, суратот… како сакате, никако да му го видиме.

И кога сите најмалку очекуваа дека освен таа и оние блиските што го знаат и сите останати ќе можат да му погледнат в очи, Кристина тоа го направи, со тоа што го откри… Нејзината нова љубов или како што самата вели:

„Кога некој маж го менува целиот свој живот за една жена…“ – веројатно заслужил тој Ромео да го види и целата јавна сцена.

И конечно го видовме. Откако Кристина Димитри решила „да го отвори првиот кластер“ од нејзината љубовна мистерија, па ликот на својот љубовник конечно го откри, ставајќи го на увид на јавноста. Останатите кластери од нејзината нова љубовна авантура  веројатно се „во процедура“…

Во која допрва ќе дознаваме кој е и што е човекот, како се вика, што работи, со што се занимава… Освен со „освојување на срцето“  и „туткање постела“ или ако повеќе сакате, споделување романтика и еротика со сексапилната тетовка!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

To top