Некогаш се знаеше кој е машко кој женско, како функционира една врска, колку чиста дружба треба да помине додека да се случи првиот бакнеж, а за она другото и да не зборуваме… И кого и да прашате, ќе ви рече дека тоа беа поубави, посреќни и поздрави времиња… Гледано од секој аспект!
Денес се модерни времиња, па и модерни релациите меѓу половите… Ај што „се измешаа брзините“ кој е кој, туку веќе ни врските не можат да се наречат така, зашто „љубов“ се повеќе се води неврзано. Без обврски, чисто онака нагонски, што добива дури и посебен термин: „open rеlаtionship“ или по нашински кажано, отворена врска! Без оглед кој кого „отвора“!
Слободните парови не сакаат да имаат меѓусебни обврски, а би сакале да имаат релации и односи од различен вид, најмногу – интимни! Ама нема лутиш ако денес е со теба, утре со некој(а) друг(а), задутре може и со некој(а) од заедничките другар(к)и… Или во превод – кому иде! Нешто што е последна мода во релациите меѓу половите, та актерите биле од различен или ист пол – што е уште „помодерно“ и „многу нормално“ за ЛГБТ љубителите!
Модерни времиња – модерни релации, само што ако се вратиме само некоја година наназад, во оние „демоде времиња“ таквите релации имаа два називи, во зависност од статусот на нивните протагонисти. Ако се слободни, односно не се во брак, денешната модерна, т.н. „отворена врска“ се нарекуваше „ку*верај“, а ако се во брак, „швале*ај“! Со тоа што двете категории можат да се испреплетуваат во разни комбинации: И тој и таа слободни, тој слободен – таа во сериозна врска или брак, тој во сериозна врска или брак – таа слободна, и двајцата во брак…! Е сега тука има уште неколку подкатегоријии како – разведен(а) или како што еден постар израз ги нарекуваше оставен(а), односно „распуштеница“, како и оние со не дај Боже статус – вдовица/ вдовец! Ама сеедно „отворената врска“ и тогаш си функционираше без оглед на статусот! Само поинаку ја нарекуваа!
Денес е малку поразлично, па дали погодена од сопствениот статус или разни чаршиски муабети и озборувања, македонската екс мисица, модел и во поново време пејачка Кристина Димитри јавно се побуни против „модерните времиња“ во кои и самата живее.
Како што е познато атрактивната тетовка е разведена жена од пејачот Даниел Кајмакоски, со кој од заедничкиот брак го имаат синчето Давид. Разведена, ама однеодамна во сериозна врска, што горе – долу е познато. Сега на Кристина изгледа „модерните времиња“ добре и дојдоа да се пожали на социјалните мрежи, ставајќи ги на тапет т.н. „отворени врски“.
„Колку стана болен светот. За жал, нормалните сме ендемски вид… Па разведена жена е како навреда за ‘домаќинкиве’. Веројатно живеам искрено и кога имам озбилна причина си одам од односот, а кога сум во него сум 1000%. А овие во брак, не дај боже во куќа да ти се“ – се пожали пејачката со пример преку едно кусо клипче на нејзините Инстаграм приказни.
И не дека не е во право, особено „за отворените врски“, ама ова за мажените… Точно е дека има и такви, ама далеку од тоа дека сите што се во брак, „не дај Боже да ти се во куќа“!
Затоа и некои од „мажените“ изреагираа со констатација дека пејачката може си ја има „мувата на капата“ па сега си ја ишка, други пак со заклучок дека и бракот треба да знаеш да си го чуваш, трети… Како и да е едно е сигурно, дека равенство на се’ не може да се стави. Ни за сите разведени, ни за сите мажени!
View this post on Instagram
Како што е сигурно дека единствено вистинските мажи останаа воодушевени од делот во изјавата на Кристина Димитри дека: „…Додека е во односот, во него е 1000%“!
Освен ако не мислеа на различни односи?!
Фото и видео: Инстаграм/kristina.dimitry