Радио Милева кажа „Да“

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се свршија

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се свршија

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез, која ја сподели среќната вест на социјалните мрежи, заедно со фотографија од огромен дијамантски прстен.

– Да, се согласувам. Во овој и во сите мои животи“, напиша шпанско-аргентинскиот модел.

Објавата за свршувачката, која ја виделе најмалку четири милиони луѓе, им се допаднала на познати личности како Ким Кардашијан и славната шминкерка Шарлот Тилбери.

Роналдо, кој е најследената личност на Инстаграм, сè уште не коментирал за свршувачката, пренесува „Еуроњуз“.

Иако деталите за цената на импресивниот дијамант сè уште не се познати, експертите веќе почнаа да шпекулираат за тоа колку вреди прстенот на Џорџина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Двојката живее заедно девет години, а се запознале во продавницата на Гучи во Мадрид каде што работел Родригез.  Роналдо има пет деца, од кои две се од врската со Родригез.

Нивната најмлада ќерка Бела е родена во април 2022 година, а нејзиниот брат близнак беше мртвороден.

Родригез беше и ѕвезда на серијата на Нетфликс „Јас сум Џорџина “, во која исто така зборуваше за шпекулациите за свршувачка со Роналдо.

Во една од епизодите, таа рече дека нејзините пријатели „постојано се шегувале и ја прашувале „кога ќе се случи свадбата“.

Foto: Instagram / georginagio

To top