Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка, супермоделката Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор на својата приватна јахта, на шпанскиот остров Ибица. Покрај луксузните детали, двојката ангажира и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, од една седмица ќе заработи милион евра.
Се работи за Марта Гарсија Бу – позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се потпишува како Буки. Според наводите, Георгина ја исконтактирала Марта преку „Инстаграм“.
– Ако сакаат стек во 2:00 часот наутро, јас ќе станам во 2:00 ч. наутро и ќе им го зготвам тоа. Тоа може да биде особено тешко бидејќи тие ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат големи желби. Тоа ќе биде спектакл!, раскажала Марта.
Инаку, Марта по образование е инженер и работи како консултант во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините готвачки вештини ѝ донесоа поголема популарност. На „Тик-ток“ ја следат речиси половина милион луѓе, а на „Инстаграм“ има скоро 400.000 следбеници.
Популарноста на интернет ѝ донесе прилично големо внимание на готвачката, па таа ја стекна и довербата на бројни познати личности.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram