Комеморација во чест на легендата на радиоводителството, музичкиот новинар Драган Б. Костиќ ќе се одржи на 16.01 (петок) со почеток во 12:30 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, соопштија од неговото семејство и од тимот на продукцијата Диско Селектор.
Водителот, чиј глас го препознаваа сите генерации, и ги имаше најслушаните радиоемисии, почина на 20-ти декември минатата година, на 75-годишна возраст.
Неговиот глас беше присутен во етерот уште од 1970 година, и огромен познавач на светската музика, на слушателите им ги подари серијалите „Заборави ако можеш“, „Диско селектор“ и „Кавервил“, кои имаат по десетици илјади емисии.







