Пејачката Стоја Новаковиќ неодамна на својот „TikTok“ профил објави видео на кое се гледа каде е среде продавница со палачинка со крем, за коja тврди дека ja јаде кога е на диета.
Пејачката со својата изјава ги изненади и ги насмеа сите, бидејќи се пошегува на своја сметка.
„Ова е мојата диета, палачинки со крем“, кажа Стоја додека позирала со храната пред неа.
Социјалните мрежи веднаш се „вжештија“, а многумина и напишаа на пејачката дека е одлично што таа е своја и природна.
– Стоја е мој човек! „Секоја чест за објавата и што секогаш се шегувате на своја сметка “, беше само еден од коментарите на социјалните мрежи.
Да потсетиме, познато е дека пејачите и естрадните ѕвезди важат за оние кои добро заработуваат, но и покрај добрата заработка, многумина од нив се тешки за пари.
фото: printscreen/TikTok