Радио Милева се чуваше во тајност

Ќерката на Миле Китиќ станува светска ѕвезда: Нејзиниот албум номиниран за Греми награда

Ќерката на Миле Китиќ станува светска ѕвезда: Нејзиниот албум номиниран за Греми награда

Ќерката на Марта Савиќ и Миле Китиќ со години важи за еден од најзначајните млади таленти на музичката сцена, пред сè поради нејзиниот автентичен глас и стил.

Елена, која има 28 години, успешно ја гради својата кариера, а сега го потврди тоа со објава на социјалните мрежи.

– На самиот крај од годината, конечно можам да ви ги откријам информациите што моравме да ги чуваме во тајност досега – напиша Елена, а потоа додаде:

– Албумот „Дежа Ву“ беше разгледуван за наградата Греми во категоријата „Најдобар глобален музички албум“. Иако не ја поминавме Академијата, сакам да им се заблагодарам на публиката, соработниците и на сите што ме поддржуваат на ова патување. Греми, се гледаме следната година!

Елена ужива во љубовта со Михаил Микс Вујиќ, а неодамна беа на концертот на нејзиниот татко во загрепската арена.

Таа обично не сака да го разоткрива својот љубовен живот и се обидува да ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста, но неодамна објави фотографија со својот избраник.

фото:Instagram printscreen/elenakitic

To top