Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, убавата Џина, не престанува да привлекува внимание на социјалните мрежи поради нејзините фотографии и атрактивни објави.
Џина Џиновиќ со своите следбеници споделува различни детали од својот живот, а понекогаш и некои корисни совети кои им значат на нејзините следбеници.
Меѓутоа, овој пат таа ги изненади сите кога со објава на својата Инстаграм стори објави дека ќе ги деактивира социјалните мрежи.
Таа објави фотографија на која пишува „Деактивирај ги сите социјални мрежи“ , но таа остана мистериозна, па додаде емотикони кои испраќаат бакнежи.
Сигурно нема да биде првпат. Ќерката на Харис и Мелина, која е инфлуенсерка, веќе неколку пати се повлече од социјалните мрежи поради притисокот на јавноста, но набрзо се врати.
Дали Џина ќе се повлече од социјалните мрежи како што навестува или тоа е она што планира да го направи во одреден момент останува да видиме.
фото: printcreen/instgaram