Познатата британска ријалити ѕвезда и старлета Кејти Прајс е уапсена на аеродромот Хитроу во Лондон бидејќи не се појавила на закажаното судско рочиште во врска со нејзиниот банкрот.
Таа неодамна го прогласи својот втор банкрот поради неплатен данок од 761.994,05 фунти. Затоа таа неодамна требаше да се појави на судењето, но не се појави, поради што полицијата распиша налог за нејзино апсење. И покрај тоа, старлетата заминала на патување во Турција, каде што направила естетска операција на лицето.
Сепак, таа беше уапсена.
Според полицијата, Прајс е приведена во една од полициските станици во западниот дел на Лондон, каде што ќе остане до денес, 9 август, кога треба да се појави пред судот.
Katie Price has been arrested over the £750,000 tax evading trial she skipped.
She said “I feel like I’m being treated like a criminal.”
Well yeah because you are. pic.twitter.com/rLHHdssH3H
— BladeoftheSun (@BladeoftheS) August 8, 2024
Инцидентот уследи по тоа што Прајс не се појави на сослушувањето на 30 јули, поради што судијката Кетрин Бартон издаде налог за нејзино апсење.
„Една жена беше уапсена на аеродромот Хитроу во четвртокот на 8 август во 19:45 часот поради тоа што не се појавила на суд. “.
Старлетата претходно откри дека има план за банкрот и како да се извлече од се доколку тоа се случи. “Не се плашам од банкрот како порано бидејќи гледам излез. Ако ми ги земат материјалните работи, знам дека можам да ги вратам. Ќе станам ескорт дама ако треба, не за да спијам со мажи, туку само за друштвото Јас би била со нив, мислам дека би била добра во тоа“, рече таа во својата книга „Ова сум јас“, рече таа.
View this post on Instagram