Летото полека почнува да ги покажува своите знаци на попуштање иако годинава пеколната жештина тешко попушта. Времето се уште мошне топло, па меѓу сите останати и познатите Македонки не престануваат да споделуваат видеа и фотографии од нивните летни “плажа дестинации“…
Меѓу јавните личности, особено меѓу оние естрадните има мноштво атрактивни, згодни, телесно надарани, сексапилни дами, кои е тешко да ги соберете во еден кош… Но затоа постои избор од најдоброто и највозбудливото, а нашиот летен избор, сигурни сме дека воопшто не е лош…
Напротив, телесниот раскош на нашите познати млади дами е очигледен, а ние само „по наш вкус“ ќе се обидеме да ви ја претставиме „златната“ петорка“ секси убавици – еротски кралици за ова лето.
До душа за вкусовите не се расправа, па некому повеќе му се допаѓаат русокоси, а некому црнки, некој пове’е сака слаби, штрклести и долгоноги манекенки, а некој повеќе го преферира она балканското: „Подобро да те лула, отколку да те жуља“… Едни сакаат тенки, високи, однапред како црешички, праска или рамни како даска, други пак убавици со бујни гради и сајз плус карлици …
Вкусовите секако се различни, ама затоа возбудата е иста, со мала разлика во поедини нијанси, па затоа нема шанси овие сексапилни Македонки да не ги препознаете дури и одзади!
1. Таа е некогашна ријалити учесничка во најгледаното регионално реално шоу „Задруга“, сега преименувано во „Елита“… И самата елитно изгледа, па затоа беше и водителка на една позната српска ТВ, за потоа, особено откако се омажи комплетно да му се препушти на моделингот и да стане една од најпознатите македонски инфлуенсерки.
Рекламирањето долна облека и костими за капење и се „тесна специјалност“, а како и не би кога со вакви раскошно бујни облини ретко која може да се пофали.
Погледот на неа предизвикува неподнослива возбуда, која всушност е жива згода… Особено кога таа излегува од вода!
2. Оваа расна велешанка важи за најпознатата, а и најсекси фитнес инструкторка и воедно мотиватор за здрав живот.
Има своја армија следбеници наречена „Праскички“, па заедно со нив покрај сите програми што ги спроведува, одвреме – навреме умее да ги однесе на некој летен предизвик, на различна локација на одреден егзотична дестинација… места кои и самата ги преферира.
Можеби нема манекенска висина, ама затоа се друго има… Особено впечатлив е нејзиниот телесен раскош кој ќе ви го разубави денот, додека го изведува својот танга бикини „кет вок“ покрај базенот.
3. Атрактивната струмичанка, некогашна модна блогерка, сега модел и инфлуенсерка важи за „еротска секс бомба“… Мала, ситна динамитна и тоа како природно надарена, естетско-хируршки малку доработена, никако не се дава да биде скротена. Разведена, мајка на две деца, а во изгледот и духот налик на тинејџерка.
Мераклика на луксуз, гламур и убавина, на егзотични дестинации и брендирани работи, она што најмногу телесно ја краси никако не можете да не го забележите… И тоа од прва зашто е највпечатливо… И највозбудливо…
Некои во тетоважата на грбот веднаш го вперуваат прстот, но за повеќето многу повозбудливо е она што е две педи под крстот! Особено кога онака разголена во плиткото на песочниот брег се прпелка како сирена.
4. Оваа убавица од помладата генерација веќе важи за профилиран модел и манекенка, која има обиди за успех и надвор од Македонија. Разголувањето не и е проблем, зашто и станало навика, поточно и е вообичаена работа, од која веројатно и пристојно заработува.
Долгонога, со тело – вретено, можеби однапред не така бујна, па стави и пирс во брадавиците на градите за да биде позабележителна, ама затоа одзади прилично „преставителна“… Како да е рачно извајана. И е, а од кој друг, ако не од мајката природа. Како излиено, совршено обликувано га*е за медал, во кое нама кој не би се загледал.
5. Таа има мајка која некогаш беше популарна ТВ водитека, а денес е позната трендсетерка, ама нејзината ќерка е на пат да стане уште попозната и попопуларна и од неа. И самата имаше кус обид во водителските води, но заврши во пејачките, иако се’ уште и таму се пробива.
Но, каде и да е, извесно е дека ќе успее. Особено ако се знае дека денес музиката многу повеќе се гледа отколку што се слуша. Доволно добро пее, ама затоа уште подобро изгледа.
Со ангелски лик, заводлив поглед и згодно тело „накитено“ со доволно бујни облини, таа една од оние лица, што младите момчиња ги оставаат со падната вилица и подзинати… Особено кога е во танга бикини, а ним погледот ќе им се фокусира на неа одзади!
Ете тоа е нашиот избор… Веруваме дека погодивте кои се’ наши познати убавици во танга бикини видени одзади, ја сочинува „златната петорка“ за ова лето… Ако се’ уште НЕ можете да погодите, еве ги одговорите:
- Елеонора Кочовска екс Миљковиќ
2. Ана Стојанова
3. Љупка Митрова
View this post on Instagram
4. Бојана Нушкова
View this post on Instagram
5. Барбара Ракичевиќ
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/barbara_rakicevic/boyananushkova/ljupka_mitrovа/annstojanova/__elle.m__