Младата пејачка од Македонија, Мирјана Митрева е родена на 2 февруари 2003 година во Кавадарци. Сака да тренира, позитивна е и храбра, а како што вели, нема музички идол. Натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ е нејзиниот животен сон и дојде да го оствари.

Таа во претходниот настап со својот маестрален стајлинг ги изненади сите, овој пат не успеа директно да се пласира во следниот круг.

Мирјана Митрева тогаш се појави во раскошен бел фустан со кристали и волуменозно здолниште, кој потсетува на принцеза од модерната бајковита музичка сцена. Овој елегантен и софистициран изглед беше вистински хит за сценскиот спектакл.
„Инспирација за овој фустан беше песната што ја испеав „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, затоа и сето тоа е од цвеќиња. Мислам дека таа беше вистинската форма“ – изјави тогаш Мирјана за Гранд.

Кавадарчанката и покрај тоа што овој пат освои пет гласови и два гласа повеќе од противкандидатот кој се натпреваруваше со неа, тоа сепак не беше доволно за да помине директно.
При настапот на Мирјана и нејзиниот противкандидат Мирсад, за ушите на Марија Шерифовиќ ниту еден не беше доволно добар, па нејзе и беше се исто околу оценката на нивните настапи.

„Мирјана, кај тебе се’ беше премногу агресивно, без убавина, а ти Мирсад, како да беше незаинтересиран – беше директна Мара.

Но тоа не ја обесхрабри убавата пејачка, па Мирјана даде сé од себе и успеа да биде една од неколкуте што поминаа во баражот.

Имено, до самиот крај беше мошне напнато, а кандидатите што останаа го дадоа својот максимум за да го освојат жирито.

Овој пат во баражот имаше дури 13 натпреварувачи, а Мирјана беше една од петте кандидати што Вељко Недељковиќ ги избра за следниот круг.
Настапот на Мирјана Митрева од кавадарци во „Ѕвездите на Гранд“ погледнете го во видеото пво продолжение на 2:52 минути.
Фото и видео: Јутјуб/Zvezde Granda/ Cela Emisija 24 – ZG 2024/25 – 05.04.2025.




