Пејачката Каја Остојиќ го прослави својот роденден, а нејзиниот сопруг ѝ подари скапа нараквица вредна 14.000 евра.
Каја Остојиќ деновиве има неколку причини да биде среќна – го прослави својот роденден, објави нова песна, а воедно ја одбележа и првата годишнина од бракот со својот сопруг Милош Чујовиќ.

За да ги одбележи овие значајни моменти, Каја одлучи целата недела да ја помине во празничен дух. Таа сподели делови од атмосферата од прославата на роденденот на социјалните мрежи.

– Роденден, годишнина од брак, нова песна… секогаш да има причина за славење – напиша Каја во описот на објавата.

Еден од подароците што пејачката ги доби за својот 42-ри роденден беше луксузна нараквица од Картие во вредност од 14.500 евра, која ѝ ја подари нејзиниот сопруг Милош.
Foto: Instagram printscreen/kaya_ostojic





