Живот и стил

Јутјуб ќе престане на децата од Европа да им покажува фитнес видеа

Јутјуб ќе престане на децата од Европа да им покажува фитнес видеа

Од видео платформата сметаат дека изложувањето на овој тип видеа може да наштети на самодовербата на тинејџерот и сликата што тој ја има за самиот себе.

Јутјуб главно се плаши од успешноста на својот алгоритам во погодување на тоа што сака корисникот да гледа, па стравот е дека тој ќе влезе во „луп“ на видеа кои идеализираат одреден изглед на тело, односно навежбан.

Промените се прават по насока на нивниот Комитет за млади и семејство, и рестрикциите за тинејџери ќе важат за видеа кои:

– Идеализираат одредено ниво на фитнес или тежина.

– Споредуваат и идеализираат одредени физички карактеристики.

– Се општествено агресивни, односно прикажуваат закана или борба.

Од Јутјуб објаснуваат дека ова можеби се видеа кои се наивни како поединечно видео, но стануваат проблематични кога тинејџерите постојано ги повторуваат.

Јутјуб на тинејџерите веќе им ограничува пристап до видеа со пореметувања во исхрана или физички тепачки, а со новите промени платформата ќе ги насочува корисниците кон телефонски линии за помош поврзани со самоубиство, наштетување на самиот себе и нарушување во исхраната.

фото:Freepik

To top