Водителката Јована Јоксимовиќ неодамна ја воодушеви јавноста објавувајќи фотографии од гламурозен настан во Италија, каде таа и нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ блеснаа во елегантен стајлинг.
Јована го привлече вниманието со изборот на долг црн фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а целиот изглед го заокружи со црни ракавици од тантела и впечатлив црвен кармин.
Од друга страна, Жељко избра класичен црн костум со бела кошула и машна, покажувајќи го својот препознатлив шарм и елеганција.
Нивниот гламурозен изглед не остана незабележан, а многумина ги споредија со холивудските ѕвезди.
View this post on Instagram
Фотографиите од овој настан привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, каде следеа коментари за нивниот беспрекорен изглед.
Многубројните фанови истакнаа дека двојката Јоксимовиќ изгледа како да се симнале од филмското платно и дека се достојни за холивудскиот црвен тепих. Коментарите како „Фантазија“, „Какво чудо од жена“, „стариот Холивуд“ и „достојни за Холивуд “ се само дел од изразите на восхит што можеа да се прочитаат под објавите на Јована.
Јована и Жељко Јоксимовиќ дефинитивно оставија силен впечаток во јавноста со своите гламурозни изданија, а нивниот стилски избор доби бројни пофалби.
Нивното појавување на гала настан во Италија покажа дека знаат да ги спојат елеганцијата, софистицираноста и шармот на начин кој остава без здив.
фото: printskrin/instagram/jjovanajoksimovic