Радио Милева долг од 45.000 евра

Извршителите му го запленија имотот на Халид Муслимовиќ (фото)

Извршителите му го запленија имотот на Халид Муслимовиќ (фото)

Пејачот Халид Муслимовиќ наводно добил правосилна пресуда со која му се одзема имотот поради долг од 45.000 евра на Аза Ханџиќ од Приједор.

Според локалните медиуми, на Муслимовиќ му истекол рокот од 28 дена за плаќање на долгот, па се очекува доаѓање на извршители.

Во образложението на пресудата се наведува дека Ханџиќ имала јасни докази дека фолкерот и ја должи споменатата сума пари.

Покрај тоа, Халид ќе мора да и плати затезна камата, како и трошоците за постапката.

Ханџиќ го тужеше пејачот уште во 2020 година, тврдејќи дека тој не ги вратил парите што таа му ги позајмила во периодот од 1996 до 2010 година за да му помогне во тешка финансиска ситуација. По 2010 година таа постојано му ги барала позајмените пари, а бидејќи тој не ги вратил, на 19 ноември 2013 година Ханџиќ пред да поднесе тужба му испратила предупредување на пејачот, на што тој не реагирал. Доказ дека му позајмила пари се трансакциите на Western Union и тетратката во која Аза запишала колку пари и кога му дала на Халид, а во која има и негов потпис како потврда дека ги добил средствата.

Сето тоа беше признаено во првостепената постапка пред Основниот суд во Приједор, додека со второстепената одлука беше преиначена одлуката и намалена сума на долгот бидејќи судијата не ги признава позајмените пари што Ханџиќ им ги испратил на луѓе блиски на Муслимовиќ. Но, Врховниот суд ги прифати овие докази и ја потврди пресудата на првостепениот суд.

По повеќегодишни судски постапки, Врховниот суд  донесе правосилна пресуда во нејзина корист.

фото: print Screen/Instagram/halidmuslimovic

To top