Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист и член на триото на Влатко Стефановски, струмичанецот Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, под закрилата на Croatia Records конечно ја здогледа светлината на денот.
Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки.
Така, песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, „Sunday vibes“ со Влатко Стефановски, „Life of Jupiter“ со групата на неговите родители Ленче и Горан Кукуќ – „Јупитер“, „Music philosophy“ со Теодосиј Спасов, „Зрно наде“ со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.
Како илустрација на материјалот, слушнете ја темата „Друмови“ и погледнете го виедеоспотот за истата за кој приказната за сценариото ја напишал самиот Кукиќ, а режијата ја потпишува Столе Ангелов, додека главната женска улога ја има Катерина Јовановиќ: