Живот и стил

Исто како од ресторан: Еве како да направите најдобар помфрит

Исто како од ресторан: Еве како да направите најдобар помфрит

Многу луѓе се разочарани дома затоа што нивните помфрити се премногу меки или премногу тврди, наместо крцкави и златни. Сепак, постои едноставен трик со една состојка од фрижидерот што може целосно да ја промени текстурата и да направи помфритот да добие совршена кора однадвор, а да остане мек и лесен одвнатре.

Најпопуларната сода овозможува површинскиот слој на компирот да се подготви за рамномерно пржење, додека благите киселини и шеќери во него придонесуваат за создавање крцкава надворешност.

Процесот е брз и лесен: компирите се натопуваат кратко во овој пијалок, потоа се цедат и добро се сушат, а потоа се пржат во врело масло.

Најдоброто е што вкусот на компирите останува целосно непроменет – трикот не додава сладост ниту ја менува аромата, туку само придонесува помфритот да ја добие таа идеална рамнотежа помеѓу крцкавост однадвор и мекост одвнатре.

фото:Freepik
извор:popara.mk

To top