Радио Милева личност за себе... од вашите сништа?

Интернет апликацијата открива каква личност е сексапилната струмичанка: Еве на што се’ е голема мераклика Љупка Митрова (ФОТО)

Интернет апликацијата открива каква личност е сексапилната струмичанка: Еве на што се’ е голема мераклика Љупка Митрова (ФОТО)

Љупка Митрова е жена со стил и вкус. До душа, за стилот требаат пари, а на атрактивната струмичанка не еи недостасуваат, иако многумина знаат дека парите не се секогаш пресудни за префинетиот вкус, каков што го има сексапилната инфлуенсерка и модел.

 

Мноштво патувања по светот на најегзотичните дестинации, по најпознатите европски метрополи, на најубавите плажи и  плоштади, во најдобрите хотели и ресторани, најпрестижните шопинг центри и молови, во најелитните бутици за брендирана гардероба и продавници за висока мода, долна облека, чевли, акцесоари… И после сето тоа, веројатно е разбирливо дека струмичката инфлуенсерка, модел и некогашна модна блогерка се’ повеќе прераснува во дама со истенчен вкус.

До душа за вкусовите не се расправа, ама затоа  квалитетот има како да се мери и покажува. Единствено останува една непознаница, а тоа е меракот. До душа Љупка Митрова и досега покажа на што се’ е голема мераклика… Од тоа какви мажи и се допаѓаат, до тоа какви модни, хедонистички или патувачки идеи на памет и паѓаат.

Сепак, меракот е голем и широк поим, а понудата непрегледна. Но, само еден мал детал, еден избор меѓу две нешта и тоа како може да ти ја открие желбата, да ти го демистифицира меракот за она што повеќе го сакаш, а со тоа на некој начин и профилот на личноста.

Токму една таква Интернет апликација која Љупка ја споделила  открива каква личност е сексапилната струмичанка. Или ако повеќе сакате,  на што се’ е голема мераклика Љупка Митрова!?

Меѓу кафето и чајот, како и повеќето од нас Љупка покажала дека е поголема кафеџика. Еспресо, макијато или евентуално турско – ако има кој да и ја преврти шолјата, за да и гледа во неа… Во иднината!

Пица или бургери, велат и обете се нездрави, обете се брза храна која не е баш и препорачлива, ама ако веќе мора…  Добра пица, какова што преферира и Љупка нема кој не сака! Само не кажа дали и е отворена или преклопена… послатка?

Слатко или солено? Шеќерот е штетен, ама кога нешто и е слатко, од него не се откажува за жива глава. Вишокот шеќери и масти, ќе ги реши во  теретаната на некоја справа.

Меѓу тетоважите и пирсингот расната струмичанка без двоумење е поборник на украсувањето на телото со добар или симболичен цртеж. Една ружа на ребрата, голем крст на грбот, симбол на глуждот на ногата, срценце под лактот на раката и… можеби уште некоја подаскриена тетоважа, што не е за сечии очи, освен за оние… „избраните“!

Иако мноштвото фотографии ги прави дење, ноќта е нејзиното време. Само таа ја има онаа волшебна магија во која Љупка ужива, а потоа и самата ја опива околината до ниво на неподнослива возбуда… и страст за избраниот среќник!

Телефонските разговори и се подеднакво интересни како и пишаните пораки. Со тоа што овие вториве остануваат, па дури да ги избришеш, иако возбудата од бојата на туѓиот глас во вашата слушалка  е единствено чувство… Впрочем, како и сочно срочената порака, која исто толку ја скокотка желбата… Која Љупка онаква каква што е многу веројатно дека најчесто знае како да си ја исполни!


И после сето ова, едно е сигурно: Љупка Митрове е личност… за себе!

А, можеби и од вашите сништа? Токму онаква, каква што вие посакувате?!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova

To top