Поранешната учесничка на реалити „Задруга“ Сања Грујиќ уште кога се појави во јавноста со својот физички изглед предизвикува коментари, најмногу негативни поради усните, а сега реши да го поправи тоа.
Таа сега зборувала од приватна клиника, каде што го извадила силиконот од устата.
-Им се обраќам на сите девојки кои сакаа да го споделам моето искуство со нив. Ова е мојата прва фотографија веднаш по екстракцијата на биополимерот. Во следните седум дена додека не се отстранат конците, секој ден ќе го споделувам моето искуство со вас. Без оток, без болка, без обезличување – напиша Сања, а потоа објави фотографија на која се гледаат „отпадоците“, со порака „Чао чао“.
Сања неодамна откри каква следна операција планира. – Решив да ја намалам устата и да ги зголемам градите, тоа ќе биде следниот чекор – низ смеа рекла Сања.
Најголема поддршка добила од партнерот Марко Стефановиќ кој го запознала во реално шоу.
– Мене нејзината устата ми е убава и мислам дека не го прави тоа затоа што сака, туку затоа што добива многу коментари. Не ми се допаѓа тоа што ќе го прави, но мислам дека ќе биде посреќна. Не бев за оваа промена, искрено – изјавил тогаш Марко за Блиц.
фото: printskrin/instagram