Кога се зборува за автомобилизмот во Македонија, разговорот почнува и завршува со името на Игор Стефановски-Иџе.Синоним за успех, спортски амбасадор вистински пример за младите генерации кој е трикратен европски првак на шампионатот на ридски патеки.
Патот до успехот е трновит, но вербата во себе и посветеноста во работата го направија еден од најдобрите во историјата на овој спорт во Европски рамките.
Гордо ја претставува Македонија и години наназад ја „прошара“ Европа каде го развеа македонското знаме на победничкиот пиедестал на многу познати култни автодроми каде што славеле големите светски асови во мото – спортот, меѓу кои е и нашиот Иџе.
Секогаш сака да се бори против најдобрите и вели дека само силната конкуренција го мотивира.
И понатаму има „апетит“ за нови успеси и достигнувања во овој спорт на највисоко ниво.
Еден и неверојатен Игор Стефановски – Иџе.Затоа ја искористивме неговата пауза по долгата натпреварувачка сезона и поразговаравме на многу теми.
Од каде и кога се роди љубовта кон брзината и автомобилите?
– Самото место на живеење, верувам дека го предодреди спортот со кој ќе се занимавам. Имено, живеев многу блиску до стартот на тркачката патека на Водно и од најрана возраст го слушав звукот на автомобилите. Од како памтам за себе,ги сакам автомобилите и брзото возење.
Со години наназад си еден од најдобрите, собра бројни титули и пехари, која победа ти е најдрага?
– Најдрага победа ми е трката во Имола-Италија 2016 година, на која си докажав и на себе и на другите дека со конкурентно возило и секако вештината која ја поседувам може да се стигне до победа.
Целото интервју погледнете го во продолжение:
Извор и фото: Курир.мк