Кога се зборува за автомобилизмот во Македонија, разговорот почнува и завршува со името на Игор Стефановски-Иџе.Синоним за успех, спортски амбасадор вистински пример за младите генерации кој е трикратен европски првак на шампионатот на ридски патеки.
Патот до успехот е трновит, но вербата во себе и посветеноста во работата го направија еден од најдобрите во историјата на овој спорт во Европски рамките.

Гордо ја претставува Македонија и години наназад ја „прошара“ Европа каде го развеа македонското знаме на победничкиот пиедестал на многу познати култни автодроми каде што славеле големите светски асови во мото – спортот, меѓу кои е и нашиот Иџе.
Секогаш сака да се бори против најдобрите и вели дека само силната конкуренција го мотивира.

Иџе дури и кога е време да направи ментална, односно психо-физичка пауза од трки, па макар и во пиењето утринско кафе, тоа најслатко му е на местото каде е сместено најголемото богатство – собата со мноштвото трофеи кои досега ги освоил, а изгледа импресивно!

А токму за се’ она изминато повеќе од деценија наназад ќе каже:
-Пред 11 години, ја возев својата прва трка во FIA Европскиот шампионат на истата оваа патека во Франција. Млад, полн со соништа, дебитант на својата прва трка од FIA Европскиот шампионат. Не знаев што ме чека, не знаев каде ќе ме однесе овој пат, ама знаев едно – ќе дадам сè од себе. Ништо не доаѓа преку ноќ. Зад секој успех стојат жртви, работа и непоколеблива верба. Македонија, ова не е само мој успех – ова е наша приказна. Имаме со што да се гордееме!- се изјасви Иџе пред неколку месеци.
Дека и понатаму има „апетит“ за нови успеси и достигнувања во овој спорт на највисоко ниво, тоа и како сме сигурни, наше останува да се гордееме и радуваме.
фото:Instagram printscreen/igor_stefanovski_idze







