Радио Милева комшиска убавица

Хрватската секс бомба го откри своето вистинско потекло: Нивес Целзиус е всушност Србинка?

Хрватската секс бомба го откри своето вистинско потекло: Нивес Целзиус е всушност Србинка?

Пејачката и актерка Нивес Жељковиќ, попозната како Нивес Целзијус, која многумина ја сметаат за една од најубавите хрватски јавни дами, неодамна во интервју за локалните медиуми откри дека всушност е Србинка.

Како што откри Ниевес, позната по своите провокативни стајлинзи и разголени фотосесии, таа зборува хрватски, но целото нејзино семејство е во Србија и секогаш кога е во тааземја зборува српски.

„Добро, добро, јас зборувам хрватски, без оглед на тоа што по потекло сум Србинка и целото мое семејство е во Србија. Некако, генерално, кога доаѓам и поминувам малку повеќе време таму, се префрлам на српски“, признала Нивес и открила дека не знае како би реагирала јавноста во Хрватска ако на локалната телевизија се појави јавен лик што зборува српски и дека поради таа причина таа зборувала хрватски.

„Знаете како, на националната телевизија во Хрватска, ако се појави водителка што зборува српски, не знам како публиката би го прифатила тоа“, рече Ниевес. Таа се осврнала и на растењето со нејзините баба и дедо во Војводина.

„Кога бев дете, сите деца сакаа да одат на море, но јас претпочитав да останам кај моите баба и дедо во Ловќен. Тоа е село во Војводина. Се сеќавам на некои од најубавите моменти од моето детство и животот таму“, признала Ниевес за Хајп.

Зошто го криела своето презиме? Ниевес често зборувала за своето српско потекло, а го сменила презимето Жељковиќ бидејќи второто звучело многу подобро за на естрада.

„Целзиус, прашувате? Јас самата го смислив, на другите им се допаѓаше. Прекарот беше симбол на покачувањето на температурата, асоцијација со мојот изглед, видот на настап што го избирав и беше лесно да се запомни, така се роди Нивес Целзиус“, изјавила пејачката еднаш за Вечерњи лист.

Фото: Инстаграм/nivescelsius

To top