Пејачот Ален Исламовиќ имаше тешка повреда на ногата.
Ален Исламовиќ настапи со гипс на ногата, како и во инвалидска количка, не сакајќи да ги пропушти и откаже веќе закажаните настапи.
Пејачот сега покажа како се опоравува и објави фотографија на која се гледа како ја држи ногата во кофа полна со мраз.
View this post on Instagram
Потсетуваме, тој претходно зборуваше за несреќата што го снајде и колку болки претрпел.
„Сега сум добро. Имав операција пред 17,18 дена. По концертот во Ниш, имав пауза четири дена, па играв тенис со моите пријатели во Сомбор, кога ја повредив ахиловата тетива“, рече тој и додаде: „Тоа е една од најтешките спортски повреди, тоа е страшна болка. Веднаш ме оперираа итно, операцијата беше успешна, па по четири дена продолжив со концерти и настапив со „Бијело дугме“ во Крагуевац“.
фото: Instagram/print Screen