Радио Милева кога мислите и прстите се кочат

Хармоникашот Мишел Трајковски за последниот разговор со Андреј: „Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон…“ (фото)

Хармоникашот Мишел Трајковски за последниот разговор со Андреј: „Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон…“ (фото)

Последното збогум не секој од естрадата кој ги познаваше трагично плчинатите членови на ДНК можеше да се збогува откако ја дозна страшната вест.

Еден од нив кој не успеа да најде зборови од хаост во својата глава беше и хармоникашот Мишел Трајковски.

Тој дури на шестиот ден се огласи за загубата на својот колега и пријател Андреј Ѓорѓиески за кого меѓудругото напиша и дека се слушнал со него на само два дена пред кобната ноќ.

-Најтешкaта и најдолга инстаграм објава… трае
шести ден.. стани сабајле, напиши нешто… предомисли се, прикачи слика, натажи се….
па фрли телефонот во некој ќош… и така во круг цела недела.
Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон..
Насмеан, позитивен, во негов стил со полна енергија ме викна да се видиме за настанот на кој требаше заедно да настапиме сега во април.
Од секогаш се прашував, како е можно таков артист како него, и после 20 и кусур години на сцена да е толку возбуден и неизмерно среќен пред секој настап, да и се радува на секоја нова песна како да е прва.
Но затоа беа, и ќе останат на врвот уште долго.
Беше еден од ретките со кого можев да анализирам композиции од репертоарот на Шабан Бајрамовиќ, па до Пако де Лусиа, од Ричард Галиано па се до Бени Гудман и Џанго Рајнхард.
Особено ја обожаваше хармониката и уживаше во секоја отсвирена нота.
Почивај во мир… А свирката ќе ја оставиме за некоја наредна прилика..

Бог да ги прости сите кои трагично го загубија својот живот….. ќе жалиме уште долго.
А ти Македонијо! Освести се
Право на грешки повеќе немаме!- стои во збогувањето на Мишел.

Андреј загина во стравотниот пожар кој избувна во дискотеката во Кочани каде настапуваше, откако излегол надвор, се вратил неколкупати спасувајќи неколку лица. Андреј имаше 43 години кои ги наполни неодамна на 9-ти февруари.

фото:Instagram printscreen/misheltrajkovski

To top