Радио Милева нова љубов

Харис Џиновиќ се нарече перфекционист – идната сопруга ќе има тешка задача (фото) 

Харис Џиновиќ се нарече перфекционист – идната сопруга ќе има тешка задача (фото) 

Харис Џиновиќ по разводот со Мелина е подготвен за нова љубов, а очигледно, неговата идна сакана ќе има тешка задача доколку не ги задоволи неговите желби.

Имено, фолкерот не крие дека знае секакви работи околу вилата во Сењак во која живее со синот и ќерката.

– Се пеглам сам, од мал дури и шијам. Во нашиот народ има израз што морам да го користам, пицајзла сум, т.е. перфекционист, а имам и многу слободно време, не се занимавам со ништо друго освен музика, која, да речеме, зафаќа 2- 3 часа и тоа навечер, а остатокот од времето се ослободувам“, изјави неодамна Харис.

– Кога готвам, во мијалникот нема чинии или тенџериња што не се измиени. Додека нешто се крчка или нешто се пржи,  мијам. А кога ќе заврши подготовката на храната, се се мие – додал во таа прилика. Харис ги погледнал и негативните коментари кои му доаѓаат и го коментирал фактот дека некои луѓе го гледаат како личност која многу бара, па дури е и намќор.

– Барам, сакам сè да ми биде наредено, но има голема разлика меѓу барања и намќор, бидејќи вториот има негативна конотација – рече тој, повикувајќи се на еден момент од минатото со неговата поранешна .

-Се сеќавам кога Мелина дојде првиот пат кај мене во Париз и го отвори плакарот, веднаш ме праша со кого живееш овде, невозможно е жена да не живее овде или да не дојде да ти готви, Реков дека живеам сосема сам. Кај мене сè е средено, секоја маица, кошула, панталони, се под конец, бидејќи јас сум перфекционист – изјави тогаш Харис на ТВ Прва.

фото: printskrin/instagram/harisdzinovic_funpage

To top