Веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат по 22 години заеднички живот ги изненади сите.
Во јавноста се уште се шушка за тоа, а како напиша Ало.рс, Мелина долго време е во емотивна врска, но според гласините, ниту Харис не бил покус.
Ништо немаше да биде чудно доколку пејачот, откако се откри се’, не излезеше во јавноста со бројни изјави за нивниот приватен живот и не ја обвини Мелина дека го изневерува, дека е материјалиска и многу други работи.
Пејачот вели дека не е активен на социјалните мрежи, но и за тоа се чувствува виновен.
– Јас сум виновен, но се случија сплет на околности, па ќе морам сега да се активирам – вели Харис Џиновиќ, а на прашањето дали видел како шегите се објавуваат на негова сметка, пејачот вели:
– Па, воопшто не ми е гајле дали луѓето се сериозни, дали ме исмејуваат, што ми е гајле.
Според него, не жали што така зборувал за својата поранешна сопруга.
– Апсолутно не. Не можам да го спречам она што го пишуваат. Дали некој сега се потсмева, раскажува ли некакви приказни, ниту се обидувам да го спречам тоа ниту можам – истакна тој, пренесува Блиц.
Како што се шпекулира со недели, Харис Џиновиќ има нова девојка, но тој не сакал да потврди.
– Да ја имав, вечерва ќе беше тука со мене – истакнал тој.
Да потсетиме дека Мелина и Харис беа во брак две децении, по што следеше разделбата. Модната дизајнерка не зборуваше на тема развод, додека Џиновиќ постојано откриваше интимни детали од бракот со Мелина.
фото:Instagram/ You Tube printscreen/ hypetv.rs/