Радио Милева негативни реакции

Харис Џиновиќ на мета – ја изненади јавноста со својот потег на комеморацијата на Халид Бешлиќ (видео)

Харис Џиновиќ на мета – ја изненади јавноста со својот потег на комеморацијата на Халид Бешлиќ (видео)

Пејачот Харис Џиновиќ е критикуван откако се појави видео на кое се гледа како тој е  единствениот што не станал и не го поздравил синот на Халид Бешлиќ.

Во понеделник, 13 октомври, во Народниот театар во Сараево се одржа комеморација за Халид Бешлиќ, на која присуствуваа бројни колеги и пријатели на пејачот.

Во првиот ред беа членовите на семејството на Халид, меѓу кои и неговиот син Дино Бешлиќ со сопругата и наследниците. Покрај нив, имаше и колеги на покојниот пејач, меѓу кои и Харис Џиновиќ.

Во моментот кога Дино се ракуваше со присутните, луѓето станаа да го поздрават. Меѓутоа, кога му ја подаде раката на Харис Џиновиќ, пејачот остана седнат, што изненади многумина и предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.

„Харис дури и не се удостои да стане, срам да му е“, „Зошто седи?“, „Харис Џиновиќ е спротивност на Халид Бешлиќ“, „Не е ли знак на култура да се симне шапка?“, се само дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што сакаа да го зачуваат прекрасниот спомен на збогувањето, па рекоа: „Зошто го расипувате толку убавото збогување со нашиот голем човек?“

Foto: print Screen/TikTok

To top