Ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Дача Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ е активна на својот Инстаграм профил каде сега објави фотографии од летниот одмор.
Имено, Хана моментално е во Црна Гора на одмор со своето семејство, а на гореспоменатата мрежа објави фотографија во костим за капење која продолжува да добива коментари.

Имено, досега немавме можност да ја видиме Хана во ова издание, а сега таа позираше во едноделен, црн костим за капење кој совршено ѝ стоеше.

„Убавица“, „Кралица на Црна Гора“, „нема на што“, се само дел од коментарите, додека нејзината мајка Наташа додаде емотикони во облик на срце.
Foto: print Screen/Instagram hanaaikodinovicc /bekvalceva





