Радио Милева нејзиното нормално

Хајди Клум секаде и секогаш на плажа сака да биде гола и никако поинаку (фото)

Хајди Клум секаде и секогаш на плажа сака да биде гола и никако поинаку (фото)

Германската манекенка Хајди Клум години наназад покажува дека за неа вистинското сончање е само топлес и никако поинаку. Овој летен одмор таа ужува во Сент Бартс каде очекувано ја распосла својата голотија.

Таа не се грижи за тоа, напротив, тврди дека тоа не е ништо битно, драматично и дека тоа е само нејзин личен избор на кој има право.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Хајди Клум е познато име во светот на модата, а убавата манекенка вниманието го привлекува и со нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, кој е 17 години помлад од неа. А овие денови таа е особено во центарот на вниманието поради топлес фотографиите кои го „преплавија“ Интернетот“.

„Пораснав покрај многу голотија. Затоа ми е смешно колку луѓето зборуваат за тоа, мислам дека би требало некогаш да пробаат“, изјавила манекенката за „Daily Mail“.

Таа го истакнала и фактот дека се наоѓа на место каде голотијата на плажа не е скандалозна, а објаснила дека иако е Американка, таа исто така е и Европејка, па голотијата на плажа за неа е сосема нормална работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

„За мене ова не е голема работа. Освен тоа, бев на француски остров и ако погледнете наоколу, повеќето девојки се топлес, па тоа е многу вообичаено нешто“, изјавила Хајди.

Таа објаснила дека не прави ништо чудно и дека секогаш оди на плажа кога нема многу луѓе таму.

Сепак, таа истакнува дека одамна научил дека топлесот во Америка не е секогаш најпосакуван.

„Пред многу години бев во американските одморалишта каде што се соблеков топлес и луѓето буквално ми пријдоа и ми велеа: ’Госпоѓо, некои луѓе овде се жалат, дали можете да го вратите горниот дел?‘ A јас им одговарав: ’Нема никој овде. Кој се жали?‘ Претпоставувам дека некој некаде гледал низ прозорецот. Но, секако дека би го вратила горниот дел ако ме замолат“.

Хајди претходно открила зошто не се извинува кога споделува топлес фотографии или пак речиси голи, на социјалните мрежи.

Објаснила дека постои „стратегија“ зад нејзината љубов кон покажувањето на својата фигура, но и дека не сака кога и остануваат траги на кожата од сончање.

А минатата година за магазинот „People“ изјавила дека навистина се чувствува удобно во своето тело, па дури и дома се сонча гола, но кога децата ѝ сугерираат дека им доаѓаат пријатели, таа секогаш се облекува.

фото:Instagram printscreen/ heidiklum

To top