Рокерот и постојан член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид своевремено сними изведба во живо на песната „Ти само буди доволно далеко“ во чест на починатите автори на песната Корнелие Бата Ковач и Марина Туцаковиќ.
Како што истакна во изјава за тамошните медиуми, засекогаш ќе им биде благодарен на Бата и Марина бидејќи и тој како и многу други пејачи се уште живее од песните што ги создале.
– Марина и Бата со леб нè хранат нас музичарите и мртви од гроб! Благодарение на нив заработуваме секој ден, не само јас, туку и целата забавна индустрија. Од тоа јадеме, плаќаме бензин, патуваме, си го живееме животот. Не разбирам зошто никој не сака да го каже тоа. Еве, јас ќе бидам прв. Затоа решив на некој начин да им се заблагодарам преку оваа песна – вели Ѓорѓе.
Рокерот бил близок соработник со покојниот Корнелие.
– Верувајте ми, на Бата секогаш му се обраќав со „Вие“, иако тој ми велеше дека нема потреба да му персирам. Имав голема почит и восхит кон него, така и ќе остане“, заклучи тогаш Ѓорѓе Давид за медиумите.
фото: Printscreen/instagram