Мегафон стравични сцени...

Голема трагедија: Вчеравечер се запали ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, има над 50 жртви и стотици повредени

Голема трагедија: Вчеравечер се запали ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, има над 50 жртви и стотици повредени

Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат над 50  жртви.

Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.

Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,с е случила од светлосните тела и пиротехничките ефекти во дискотеката „Пулс“ за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.

Според информациите на местото на настанот има над 50 жртви, меѓу нив и малолетници и стотици повредени.

„Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотаката се уште е во пламен. Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општата болница во Кочани“ , со овие зборови Радио Кочани ја пренесува сликата од овој настан.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата.  МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Инстаграм/pulse_club_mkd/dnk.mk

Видео: Фејсбук/ТВ Кочани

To top