Македонската спортска гордост, нашиот шампион, најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки, Игор Стефановски Иџе, постојано има причина да слави, ако не се троефеите кои редовно ги освојува, тогаш е нешто од домашен терен- семеен.

Иџе постојано е во трка и во движење, овој пат мораше да биде отсусен на значаен ден, односно полуматурата на неговата сакана ќерка Нина.
За овој важен поводод со неа беа мама и братот Олег, а тато Иџе се радуваше од далечина. Објави фотографија од полуматурантката во елегантно едоставно фустанче и напиша:

-Јас на трка, таа на полуматура.
Денес и двете срца ми брзаат – едното од адреналин, другото од емоции.
Среќна полуматура Нинче наше, објави Иџе.

Инаку, сопругата Ема, синот Олег и ќерката Нина редовно му прават друштво на тато на трките и секогаш се неговата најголема поддршка.
фото: Facebook/ Igor Idze Stefanovski







