Едноставно мора да го пробате овој рецепт за топење масти, лесно се прави и бара само една необична, но лесно достапна состојка – семе од коријандер.
Доколку сакате да ослабете, водата со коријандер е вистинскиот избор за вас. Овој едноставен напиток ќе ви помогне побрзо да го постигнете посакуваниот резултат.
Еве како можете да го подготвите:
Коријандерот е познат по чистење на телото од токсини и тешки метали. Полн е со антиоксиданси како што се витамините Ц, А и К, кои имаат антивоспалителни својства, го зајакнуваат имунитетот и ја одржуваат здравата цревна флора.
Освен тоа, коријандерот помага во слабеење и исфрлање на вишокот течности од телото. Можете да го користите свеж, сушен или како семки, но најефикасна е водата со коријандер, која го забрзува варењето, ги ублажува грчевите и помага при надуеност.
За да го подготвите овој напиток, потребна ви е само една лажица семе од коријандер и вода. Ставете го семето во стаклено шише, наполнете го до врвот со вода и оставете го во фрижидер преку ноќ да се потопат добро.
Водата од коријандер е готова кога ќе порумени. Процедете го и уживајте во освежителен пијалок. Најдобро е да го пиете наутро, а освен што помага да ослабете, одличен е и за подобрување на варењето.
Пробајте го рецептот од оваа необична состојка и видете ги резултатите!
фото: FreePick