Марина Туцаковиќ почина во септември 2021 година по долгогодишна битка со тешка болест.
Важеше за најпознатиот екстописец во регионот и создаде некои од најголемите хитови на регионалната музичка сцена, а по нејзината смрт останаа необјавени повеќе текстови.
Нејзиниот сопруг, Александар Фута Радуловиќ откри што ќе направи со нејзините текстови кои ги пронашол по смртта на Марина.
-Има уште можеби две или три песни кои се комплетни, кои го чекаат вистинскиот интерпретатор. Останатите се само некои делови. Сега не сакам на никого да му давам да ги доработува, но ќе видиме што ќе биде, изјавил Фута за емисијата „Премиера“.
Фото: Јутјуб принтскрин