Фантастичната металик тоалета со шлицови по долж телото во која се појави Џеј Ло на црвен килим ја откри вистината дека таа сака да избрише се’ што ја поврзува со од неодамна екс- сопругот Бен Афлек.
На премиерата на нејзината споредна улога во „Unstoppable“, филмот кој го продуцираше Бен Афлек, се појави во провокативен фустан со огромни шлицови на страна, а фановите дури забележаа дека таа веќе нема тетоважа посветена на Бен.
View this post on Instagram
Минатата година, на врвот на нивната љубов, Џенифер и Бен направија заеднички тетоважи за Денот на вљубените. Пејачката имаше истетовиран знак за бесконечност на нејзините ребра со стрели со нивните имиња испишани до нив, додека Бен истетовирал вкрстени стрели со нивните иницијали.
View this post on Instagram
Лопез веќе нема тетоважа, но не е познато дали само ја покрила со шминка или ја отстранила со ласер за да ја избрише поранешната љубов.
фото:Instagram printscreen/ J Lo