Мегафон Ништо лично музичка парада на дното

Евровизија 2024 ги покажа „европските вредности“: Промоција на декаденција декорирана со сценски ЛГБТ сеанси и сатанистички перформанси (ФОТО)

Евровизија 2024 ги покажа „европските вредности“: Промоција на декаденција декорирана со сценски ЛГБТ сеанси и сатанистички перформанси (ФОТО)

Заврши уште една Евровизиска сапуница. Швајцарија е победник на Евровизија за 2024 година по драматичното натпреварувањe кое имаше среќен крај за Швајцарците. Или однапред наредена победа, како што некои отпосле тврдеа, но тоа е друга тема за истражување, за која однапред не може да се каже дали е или не е така?!

Хрватска заврши на второто место. Како „губитник“ или морален победник, зависи од кој агол се гледа на работитете!


Она што можеше да се види со голо око е дека Евровизија од година во година со сигурност прераснува во се’ само не музички натпревар на евровизиските национални ТВ куќи.

Годинешнава музички не донесе ништо ново. Нема мега хитови, а она што го слушнавме е  веќе слушнато. „Музичко дежа ву“, само малку подобро и помодерно продукциски спакувано. И ако вообичаено пакувањето завршува во канта, а она што е внатре останува, овде е обратно… Ништо нема да остане во музичка смисла и од оваа Евровизија. Се разбира со два-три мали исклучоци, кои беа тука само за да го потврдат правилото.  А Евросонг како по правило се’ повеќе станува фестивал за промоција на декаденција, која годинава ја достигна својата кулминација.

До душа сценски, со помош на напредната технологија – капата долу… Ама само за технологијата, зашто она што како содржина беше понудено таа да го поддржи  беше декор од не знам кој круг на Дантевиот пекол. „Содома и гомора“ инсталирани во светот на забавата и музичката индустрија. И ако Евросонг последниве години се’ повеќе и наликувапше на геј парада, годинава дефинитивно се претвори во музичка парада на дното, декорирана со сценски ЛГБТ  сеанси и сатанистички перформанси!

Победникот Швајцарија ја претставуваше Немо со песната „The Code“. Тој (таа ли, тоа ли?)  се декларира како родово неутрална личност!? Кутрото мало суштество ни самото не знае што е? Затоа и неговата песна зборува за еден вид лична борби и борби со околината, испраќајќи порака дека секој треба да го следи својот пат и да си го бара своето место. А ни самиот не го нашол својот генетски код!?

Шпанија со Небулоза,  нејзината „Кучка“ и отворената геј порака од сцената, Велика Британија со Оли Александер, неговата „Вртоглавица“ и безгрижната игра со неговите геј другарчиња,  Финска со Виндоус 95 мен и неговиот гологазест геј стриптиз на сцената или Ирска со својот сатанистички хорор перформанс… И да не ги набројуваме сите „изгубени души“ во светот на кичот.

„Не смеам ни да помислам што ќе биде наредната Евровизија! Остана уште да се уринира на сцена, секако со добра кореографија и костимографија, во име на демократски вредности да се истураат фекалии“ – што би рекла меѓу другото во својот Фејсбук коментар уважената македонска професорка и пистелка Татјана Алексиќ.

Го чекаме само изданието на Евровискиот циркус кога на сцената ќе се случи хомосексуален коитус! Како тргнале, нема многу да почекаме!

И кога се’ ќе се собере и одземе, нам ни останува среќата во целата несреќа што годинава како и лани Македонија на „музичката парада на распадот на моралот“ ја нема, не учествува! Можеби се’ уште не сме стасани за Европа и „европските вредности“, вакви какви што Евросонг ни ги нуди? Можеби и сме, само никој нема храброст да повлече?

А за малку и годинава ќе не имаше. Иако онаа, на која и било понудено од националниот јавен сервис МРТ да не претставува е далеку од вака „либерално-модерна“, па така „конзервативно – старомодна“, тешко ќе се вклопеше во „европските евровизиски вредности“, а со тоа ќе не шутнеа уште при првата изведба и џабе ќе арчевме и грдни пари, креативност, нерви, ресурси… Затоа подобро и што не отидовме.

Дали визионери биле оние од јавниот сервис или правилна била проценката на пејачката заклучете сами од Фејсбук статусот на Андријана Јаневска која да прифатела, годинава ќе беше наша претставничка во „евровизискиот театар на апсурдот“. За среќа не немаше во кругот на музичката парада на дното!

„Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија” или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија”. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.
Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.
Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“ – сподели Андријана Јаневска на својот Фејсбук профил.

Фото: YouTube/Eurovision Song Contest 2024: Grand Final /Facebook/Andrijana Janevska

To top