Живот и стил

Еве зошто некои луѓе зборуваат во сон

Еве зошто некои луѓе зборуваат во сон

Сомнилогија претставува несвесно зборување додека спиеме. Епизодите на сомнилогијата се однесуваат на мрморење, кажување неповрзани зборови и целосни монолози.

Некои луѓе во текот на сонот дури и разговараат со луѓето околу нив што се будни. Зборувањето во сон може да се случи во која било фаза од сонот, но најизразено е за време на РЕМ-фазата, кога сонуваме. Сомнилогијата е краткорочна и не е производ на рационалното.

Што го предизвикува зборувањето во сон?

Националната фондација за спиење наведува дека сомнилогијата може да биде предизвикана од повеќе причини. Покрај стресот, депресијата и недостигот на сон, зборувањето додека спиете може да биде предизвикано и од консумирање алкохол, од мамурлак и други фактори.

Исто така, сомнилогијата може да биде поврзана и со некои болести, особено со нарушувања во спиењето и кошмари. Во ретки случаи кај возрасни, зборувањето во сон е поврзано со ментална болест или ноќни напади.

Иако зборувањето во сон не е опасно за здравјето, може да претставува проблем за лицето што спие со вас. Затоа, доколку зборувате во сон, обидете се да спиете доволно, држете се до распоредот за спиење и избегнувајте алкохол и тешка храна пред спиење.

извор:курир.мк

фото:Freepik

To top