Во последното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка „душата ја отвори“ македонската фолк ѕвезда, пејачката Елена Јовческа.

Како што и самата пее во една од своите песни, таа е горда Македонка, а уште погорда прилепчанка со скопска адреса на живеење. Една од ретките фолк пејачки кај нас со академска диплома, а таа да не е од Музичката академија, туку е диплома од Економскиот факултат во Прилеп.

Покрај тоа што има златно грло, таа свири и на четири музички инструменти, од кои два дувачки, но едниот ќе ја направи препознатлива, надалеку позната, единствена по она што го прави – да пее и да свири гајда!

За талентот и почетоците, за естрадат и муабетите на истата, за колешките и колегите, за гајдата, зурлата и останатите инструменти, за економијата и ПВЦ столаријата, за грчката забрана за влез во соседната јужна држава, за нашата немоќ да излеземе надвор од границите со домашната естрада додека онаа од сите соседства со леснотија ја крстари и настапува низ цела Македонија…

Но и за килограмите, диетата, режимот на исхрана, за салонот за убавина, естстските зафати на себе, за приватноста и бременоста кои како „змија нозете“ ги криеше, за малчеката наследничка која доби име од грчката митологија, за традицијата и современиот израз во новите песни, за настапите и необичните случки на истите, македонската фолк пејачка и гајдаџика, Елена Јовческа искрено и отворено говореше во потскастот „Ништо лично“.

Така, таа раскажа една интересна случка , што и се случила во една прилика, кога настапувала во Лескоец – Охрид. И пришол еден од гостите, и кажал дека одлепил еден од плакатите што го најавувале нејзиниот настап и го однел дома, па си го залепил на ѕидот во собата каде што спие а потоа на Елена и рекол…

Приказната со „хепи енд“ слушнете ја до крај на 56:30 минути, во комплетното издание од гостувањето на Елена Јовческа во поткастот „Ништо лично“ кој можете да го погледнете во продолжение, како и сите останати досегашни изданија и тоа 24/7 – 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (.






