Радио Милева возбуда со секој здив

Добрила Ивановска Чабриќ е страстен хазардер, а не можете ниту да претпоставите што работела во минатото (видео)

Добрила Ивановска Чабриќ е страстен хазардер, а не можете ниту да претпоставите што работела во минатото (видео)

За Добрила Ивановска Чабриќ добро знаете дека е пејачка, поранешна актерка и секако победничка во еден од серијалите  на регионалното музичко натпрееварување за возрасни „Никогаш не е доцна“.

Добрила неодамна, поточно на 01.02.2025 година го прослави својот 97 роденден, а како што изјави свовремено, специјални желби нема, тку само сака да живее до 130 години.

-Немам неостварени желби… Jас живеам спонтано и некоја специјална желба и немам… Всушност… Би сакала да живеам вечно (ха, ха, ха…) Се зарекнав дека ќе живеам  130 години. Долговечна сум на дедо ми и баба ми. Тој живееше до стотка, а баба ми до 99, откри добрила која очигледно повлекла на нив.

А за да ти биде убаво на душичката треба и да се прави она што ти е мерак, а секако го дозволува здравјето и мобилноста на тие години, на госпоѓа Добрила тоа и се може. Ја сака песната, глумата убавиот збор, ама и хазардерството. таа во една прилика за Гранд изјави дека не  е љубител на ресторани, туку на казина, каде своевремено дури и работела како менаџер.

-Ресторани како ресторани мене не ме интересираат, јадење не ме интересира бидејќи јас сама си готвам. Второ, во казиното тоа е возбуда, таа терапија. Малку сме, малку шеги, расправии.. нема што нема! Инаку и пеев во казиното преку викендите, но добро, се е тоа живот“, изјави во една пригода Добрила откривајќи дека 6 години работела како менаџер во казино.

Добрила и понатаму е на првото место, како најстарата активна пејачка и актерка која редовно настапува со својата монодрама низ регионот. По сите анализи и истражувања таа е веројатно и највозрасната активна пејачка на целата планета, ама и дамата која блика со позитивна енергија и дух кој не ја остава да седи мирна- таа е супер бабичка!

фото:Јутјуб принтскрин – Nikad nije kasno/Инстаграм – cabricdobrila

 

To top