ОВЕН
Доколку е можно, не започнувајте ништо ново денеска. Фокусирајте се на рутинските задачи, дајте си повеќе време за одмор и не дејствувајте брзоплето, дури и доколку мислите дека тоа е за доброто на друга личност. Помагајте, но не го правете тоа со сила, туку само доколку ви била побарана помош и доколку ја прифатат со благодарност.
БИК
Денесла бидете малку повнимателни во однос на тоа кому му верувате – можеби ќе се чувствувате разочарани од некого. Иако не е потребно другата личност намерно да сакала да ве повреди, ќе биде добро за вас доколку не ги криете вашите чувства и доколку споделите со дотичната личност или со пријател како се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Денеска тешко дека ќе можете да се потпрете на вашиот здрав разум за правилно да ги анализирате ситуациите – особено доколку се вклучени емоции. Можеби ќе ги преувеличувате вашите проблеми или, напротив, ќе го гледате светот низ розови очила и ќе игнорирате некои предупредувачки знаци.
РАК
Денеска може да почувствувате внатрешна вознемиреност – нешто нема да ви даде мир. Сепак, подобро е да не преземате ништо важно во оваа состојба, бидејќи ќе брзате и без сомнение ќе направите грешка. Денеска постои ризик да западнете во самоизмама.
ЛАВ
Денеска ќе ви биде во корист доколку не вршите никаков притисок – ниту врз луѓето што ги среќавате, ниту во вашите контакти со лицето кое е до вас. Доколку ситуацијата не ви одговара, подобро е да ја прифатите ситуацијата и да се откажете – на крајот ќе се покаже дека секое зло било за добро. Можно е да претрпите некаков финансиски пресврт.
ДЕВИЦА
Денешниот може да биде предизвикувачки ден за вас, особено доколку сте склони да се жртвувате себеси за другите. Можеби ќе се чувствувате искористено или заведено од некого. Доколку сакате да пронајдете нова љубов, одвојте малку време и обидете се да го замислите вашиот идеален партнер – вашите желби ќе бидат особено силни денеска.
ВАГА
Денеска ќе биде постресно на работа, особено доколку се чувствувате потценето или незадоволно. Ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите и не е изненадувачки што тензијата ќе се разгори. Дури и доколку тоа не се случи, ќе треба да споделите со доверлива личност како се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Денеска е доста критичен – постои ризик да одите во крајности во вашите емоции и однесување, со што ќе си наштетите себеси или на другите. Доколку се чувствувате тажно или депресивно, изолирајте се и препуштете се на вашите чувства, но обидете се да не ги исфрлите врз другите.
СТРЕЛЕЦ
Денеска многумина од вас ќе бидат преокупирани со вашето семејство или интимен живот. Може да се појават проблеми што не сте ги забележале или што сте ги игнорирале. Во ваш најдобар интерес е повеќе да не го правите ова и да ја прифатите реалноста, но не драматизирајте премногу – по некое време ќе се прашувате зошто сè сте го сфатиле толку лично.
ЈАРЕЦ
Денеска ќе ви биде тешко да предвидите нешто, па затоа е подобро да не се обидувате. Без разлика колку се трудите, судбината ќе го има последниот збор. Можеби би било попаметно да дозволите настаните да се одвиваат по свое темпо и да не забрзувате.
ВОДОЛИЈА
Денеска може да имате проблеми со друга личност кои навидум ќе бидат финансиски, но веројатно ќе влијаат на нешто подлабоко, на пример, кој што дава и што прима во врската. Добро е да се разјасни од каде потекнуваат проблемите, но сега не е добро време за разговори за важни прашања – малку е веројатно дека ќе постигнете договор.
РИБИ
Денеска е клучен ден за вас – може да се направи еден вид нов почеток. Доколку нешто многу силно сакате, можете да го посакате денеска и да почнете да работите на тоа во наредните денови – сега има поголеми шанси да постигнете успех. Ќе ја сфаќате болката на луѓето многу длабоко, но бидете внимателни, бидејќи постои ризик некој да ве искористи или нивното лошо расположение да влијае на вашето.
извор:нетпрес
фото:Freepik







