Мегафон традицијата танцува во диско ритам за Василица

„Диско вечер“ во Македонската опера и балет на 12 и 13 јануари

„Диско вечер“ во Македонската опера и балет на 12 и 13 јануари

Македонската опера и балет со особено задоволство ја најавува традиционалната музичка свеченост по повод празникот Василица, гала концерт кој со години претставува неизоставен дел од културниот календар и симбол на празничното заедништво. И оваа година, публиката ќе има можност да ужива во внимателно осмислена програма што спојува традиција, елеганција и современ сценски израз.

Под насловот „Диско вечер“, програмата за 2026 година нуди свежа и модерна интерпретација на безвременските хитови од втората половина на 20 век. Ритмите кои го обележаа едно незаборавно музичко време, повторно ќе заживеат на сцената, носејќи енергија, носталгија и препознатлив празничен дух. Овој гала концерт е замислен како музичко-сценски спектакл кој ги обединува различните генерации – од љубителите на класичната елеганција, до обожавателите на популарната музика и диско културата. Богатата сценографија, впечатливите костими и динамичната изведба ќе создадат атмосфера што ќе ја претвори вечерта во вистинска прослава.

„Диско вечер“ тоа не е само концерт – тоа е доживување кое го одбележува почетокот на новата година со радост, оптимизам и музика што обединува. Традицијата на Василица, збогатена со современ уметнички пристап, повторно ќе ја потврди улогата на Македонската опера и балет како центар на врвни културни настани.

Василица 2026 – таму каде што .

To top