Извор близок до парот за американските медиуми изјавил дека врската е напната.
Еден од најхармоничните и најубавите парови на денешницата, Џорџ (63) и Амал Клуни се пред развод, пишуваат светските медиуми.
Како бомба експлодираа гласините дека се во голема брачна криза и дека парот е во фаза на „пробен развод“ и одржува врска на далечина.
Како што се наведува понатаму, причина за се сѐ нивните професионални ангажмани. Иако холивудската ѕвезда во голема мера ја намали својата улога во филмската индустрија, Клуни продолжува да ги развива своите актерски способности на Бродвеј, каде наскоро премиерно ќе ја прикаже сценската адаптација на неговиот филм , каде како што беше соопштено, „доведе до отуѓување на парот“.
„Иако Амал е горда што го постигна својот сон на Бродвеј, не беше лесно да се биде разделен толку долго, а разделеноста поради непредвидливото работно време создаде јаз меѓу нив“. „Таа е навикната тој да си оди неколку дена, но ова е дефинитивно тест за нивната врска“, додаде изворот.
Важно е да се напомене дека актерот Џорџ Клуни се сврши со британско-либанската адвокатка за човекови права Амал Аламудин во април 2014 година, а истата година тие разменија свадбени завети во Венеција. Двојката ги има седумгодишните близнаци – ќерката Ела и синот Александар.
фото: printscreen/instgaram/amalclooneyofficial1