За време на престојот во Хемптонс, Џенифер Лопез се расправала со папараците.
Снимката од настанот ја објави Дејли Мејл на својот Инстаграм профил.
„Бегајте од мене и моите деца, одете си“, извикувала 55-годишната пејачка видно вознемирена.
View this post on Instagram
Корисниците на Инстаграм коментираа дека таа само бара внимание и дека добро го одиграла тоа. „Кога беше со Бен, сакаше внимание, сега го мрази“, „Сакаше слава, ја доби“, „Колку им плати на папараците за ова“, беа само дел од коментарите.
Од друга страна, корисниците на Редит излегоа во нејзина одбрана. „Ја малтретираат кога е со децата, не е убаво“, „Да требаше да ги трпам папараците 30 години, и јас би се однесувала вака“, „Ова е ужасно“, „Мразам кога ги малтретираат децата на познатите луѓе, тие не го избраа тоа“, беа зборовите на поддршка што и ги испратија нејзините обожаватели.
фото: printskreen/instgaram/dailymail