Мегафон манифестации

Денес од 18 часот дружење и забава за сите генерации: “Велигденски хепенинг” пред паркот во Ѓорче Петров

Денес од 18 часот дружење и забава за сите генерации: “Велигденски хепенинг” пред паркот во Ѓорче Петров

Велигденски хепенинг ќе се одржи денес  на платотот до Тинекс, пред паркот во скопската населба Ѓорче Петров.

Настанот го најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, кој е еден од иницијаторите на идејата за заедничко велигденско дружење на граѓаните на  општината, кое има тенденции да прерасне во традиционална манифестација која би се одржувала секоја година во време на деновите на големиот христијански празник – Велигден.

„Почитувани пријатели, ве покануваме денес во 18.00 часот во паркот во Ѓорче Петров на ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ, како последен настан од нашата кампања во изборната единица 2.

Од прв ден започнавме со позитивна кампања и од се срце сум ви благодарен за секој изминат ден на терен, а посебно за вашата поддршка што ни ја давате постојано.

Ве покануваме сите на дружење и забава за сите генерации да покажеме дека на 8ми мај заедно можеме да ја направиме МАКЕДОНИЈА повторно горда и повторно твоја.

Се гледаме денес во 18.00 ч! За многу години ВЕЛИГДЕН“, напиша тој.

На настанот кој ќе трае повеќе од два часа ќе настапат: Драган Мијалковски, Таско, Пајак, Малена, Бојана Скендеровски, ДНК и Либеро бенд.

 

To top