Пилешко филе во кремаста чорба, полна со вкусен зеленчук, послужете со потпечен леб и уживајте во лесните залчиња.
Состојки:
400 грама пилешко филе
2 лажици маслиново масло
800 мл пилешки бујон
100 грама морков
150 грама брокула
100 мл пасирани домати
½ лажичка босилек
Подготовка:
Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Сипете 800 мл пилешки бујон. Кога ќе зоврие, додадете морков исечен на кружни парчиња, и варете пет минути. Потоа додадете пире од домати, босилек и брокула и кратко варете. Внимавајте зеленчукот да не се превари.
Сервирање:
Сервирајте топло со пропечени парчиња леб.
Фото: Magnific







